Вардар 1961 дојде до планираните бодови против ГРК Охрид, го совлада со 29-22 во претпоследното коло во плеј-офот и повторно се најде на два бода зад Пелистер. За титулата, Владо Недановски ќе се надеваат на нова сензација на Алкалоид против актуелниот првак во Битола. На другата страна охриѓани дефинитивно нема да можат да дојдат до третата позиција, таму останува тимот од Автокоманда.
„Црвено-црните“ отворија со 5-1, период во кој Томовски беше одличен на голот. Стевче Алушовски и неговите момци за разбудија на време, дојдоа на 6-5, но потоа противникот повторно зеде залет, дојде на плус пет (10-5), додека на одморот резултатот беше 15-11.
На стартот на второто полувреме, гостите направија серија од 4-1 и дојдоа до само еден гол негатива 16-15, но влегоа во серија грешки. На другата страна Вардар се врати резултатски дојде на плус четири 21-17 во 45-та минута. На шест минути до крајот, Петриќ зголеми на пет гола разлика (25-20). На другата страна охриѓани не ги искористија своите шанси.
Петриќ со осум гола беше прв стрелец кај победникот, зад него беше Јагуриноски, додека Томовски имаше осум одбрани. На другата страна Цирар имаше шест погодоци.