Вејн Руни има нова работа!

223

Вејн Руни ќе стане нов тренер на англискиот второлигаш Плимут Аргајл, објави најпознатиот инсајдер Фабрицио Романо. Славниот англиски напаѓач, кој ја заврши својата играчка кариера во јануари 2021 година, во текот на викендот ќе потпише тригодишен договор со Плимут.

Станува збор за клуб кој неодамна завршената Чемпионшип сезона ја заврши на 21. место во конкуренција на 24 клуба, веднаш над зоната за испаѓање, по победата над Хал Сити (1:0) во последното коло.

Како играч, Руни играше за Евертон, Манчестер Јунајтед, ДЦ Јунајтед и Дерби. Најголем белег остави во Јунајтед, чиј дрес го носеше од 2004 до 2017 година и за тоа време одигра 559 натпревари, постигна 253 гола, асистираше на 139 од нив и освои 17 трофеи.

За репрезентацијата на Англија собра 120 настапи и 53 гола и важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата на таа земја. Како тренер работеше во Дерби, ДиСи Јунајтед и Бирмингем кои ги напушти во јануари годинава. Оттогаш е без работа.

ПретходноЛиверпул за него е веќе минато – Клоп започна „нов живот“ далеку од Енфилд
СледноДончиќ по тројката за победа: Не пцуев, зборував на словенечки (ВИДЕО)