Лука Дончиќ со тројка преку најдобриот одбранбен играч во лигата Руди Гибер на три секунди им донесе победа на Далас Маверикс од 109:108 на гостувањето кај Минесота и водство од 2:0 во финалето на Западот. Словенецот заврши со 32 поени, 13 асистенции и 10 скока, што е негов петти трипл-дабл во овие плеј-оф, колку и сите други играчи во лигата заедно.
„Не одлучувам ништо пред акцијата, но гледам што ќе ми даде одбраната. Не беше договор да се оди на шут за победа, но знаев дека морам да стигнам до моето омилено место и да постигнам кош од чекор назад. Имам многу верба во тој шут и тоа беше тоа“, изјави Дончиќ по натпреварот. „Му реков на Лајвли да дојде до блокот, знаев дека Гобер ќе го преземе мене, тоа е она што го сакавме“.
Со сите камери кои ја покриваа играта, лесно можеше да се прочита пораката на Дончиќ до Гобер: „Да ти е**м мајката, ти не можеш е**но да ме чуваш“.
Од Дончиќ беше побаран коментар на прес-конференцијата. “Кој го рече тоа? Јас? Не, зборував на словенечки”, се обиде да се извлече Лука.