Изненадување или не, сепак Шарл Леклер на Ферари утре на трката за ГН на Монако на патеката во Монте Карло ќе стартува од првата позиција. Возачот на Ферари попладнево беше најбрз, извозе најбрз круг и тоа со 1:10,270 и заслужено ја освои 24.пол – позиција во својата кариера.
На второ место се најде Оскар Пјастри а трет Карлос Саинц, значи одлични квалификации за Ферари.
Следуваат Норис, Расел па Верстапен кој непријатно изненади со тоа шесто место.