Ливерпул за него е веќе минато – Клоп започна „нов живот“ далеку од Енфилд

2398

Изминатиот викенд Јирген Клоп за последен пат седна на клупата на Ливерпул, а неговиот сега веќе поранешен тим победи со 2:0 против Вулверхемптон. По натпреварот Клоп се прости од навивачите и клубот.

Клоп одржа силно емитуван говор по натпреварот, барајќи од навивачите да му дадат целосна поддршка на неговиот наследник, Холанѓанецот Арне Слот.

Неколку дена по големите емоции и збогувањето на Енфилд, Јирген Клоп реши да се одмори и тоа во Шпанија.

Англиските новинари тврдат дека Јирген и неговата сопруга Ула се фотографирани во Шпанија и дека се одмараат.

„Како што беше кажано претходно, Клоп го започна својот одмор, тој престојуваше во луксузен хотел во Шпанија. Таму ќе одмора додека не биде готова неговата нова вила од 3,4 милиони фунти“, тврдат Англичаните.

Секако, Клоп ќе присуствува на финалето од Лигата на шампионите кое на Вембли ќе го играат неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.

Покрај тоа, Клоп на социјалните мрежи се пофали дека полека почнува да ја усовршува формата на тенискиот терен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jürgen Klopp (@kloppo)

ПретходноНово чудо на Дончиќ, Далас води со 2:0 во финалето на Западот (ВИДЕО)
СледноВејн Руни има нова работа!