Кошаркарите на МЗТ Скопје А. и годинава се шампиони на Македонија. По двете победи во Скопје, вечерва избраниците на тренерот Атанасов славеа и на гости кај екипата на Пелистер со што дојдоа до потребните три победи за потврда на доминацијата на домашната кошаркарска сцена.
МЗТ Скопје А. ја одбрани титулата со вечерашната победа во Битола од 67:78 во меч во кој домашните почнаа добро, но во вториот дел кога беше најпотребно, аеродромци заиграа шампионски и ја потврдија доминацијата на кошаркарската сцена кај нас која трае веќе пет сезони едноподруго.
Во победата бр. 3 во составот на МЗТ Скопје Баковиќ и Гилон со по 15 поени беа најефикасни, додека Костоски со 19 и Мијовиќ со 16 постигнати поени беа носители на играта на домашните, но недоволно за продолжување на финалната неизвесност.