Наковски: Неочекувано лесна победа, Азербејџан е добар тест за Грузија

93

Македонската одбојкарска репрезентација денеска со убедлив триумф од 3:0 над селекцијата на Азербејџан ја запиша првата победа во новото издание на Европската Златна лига 2024. Момците на селекторот Хари Наковски покажаа дека се класа над Азербејџан и очекувано дојдоа до полн успех. Наковски по мечот изјави дека не очекувале толкава доминација во трите сета.

„Денешната победа можеби беше и малку неочекувано лесна. Бевме внимателни, се подготвувавме добро за оваа средба. Секако дека имавме притисок да дојдеме до победа, но денеска потврдивме дека квалитетот е на наша страна. Ова е една добра подготовка за квалификациите за ЕП кои не чекаат во август. Азербејџан беше некое мерило за дуелите со Грузија, а ако вака одиграме и со нив во квалификациите мислам дека нема да има проблеми да играме повторно на европското првенство“, изјави по денешната победа над Азербејџан, селекторот Наковски.

Македонија утре од 15 часот во Беверен се среќава со Белгија во битка и за втора победа.

ПретходноФудбалерите на Струга ТЛ веќе се на одмор, стартот на подготовките е закажан за 5 јуни!
СледноМЗТ Скопје А. со 3:0 над Пелистер до нова, 11. шампионска титула