Ново чудо на Дончиќ, Далас води со 2:0 во финалето на Западот (ВИДЕО)

1557

Кошаркарите на Далас ја совладаа Минесота со 109:108 и поведоа со 2:0 во финалето на плејофот на Западната конференција на НБА. Решавачкиот кош го постигна Лука Дончиќ зад кого е уште една одлична НБА вечер. Дончиќ го заврши натпреварот со 32 поени, 10 скока и 13 асистенции за петти трипл-дабл учинок во плеј-офот оваа сезона.

Најважното нешто е што го реши мечот на три секунди пред крајот на натпреварот. При резултат 106:108, во моментите кога го чуваше Руди Гобер, Дончиќ изведе трик за да се ослободи од четирикратниот и актуелен најдобар одбранбен играч во лигата и погоди за предност на Мавс.

Серијата сега се сели во Далас, каде ќе се играат следните два натпревари. Според статистиката, огромни се шансите Далас да оди во големото финале на НБА. Тимовите кои имаа 2:0 во финалето на конференцијата ги добиваа тие серии 90 проценти од времето (58-6).

Треба да се нагласи дека тројката што ја постигна за победа беше единствениот поен на Дончиќ од поле во последната четвртина од натпреварот. Во неа доминираше Кајри Ирвинг со 13 постигнати поени. Исто така, Далас беше тој што постојано бркаше негатива. Најголемата разлика во натпреварот беше 18 поени во корист на Волвс. Во третата четвртина домашните имаа +16.

Заедно со Дончиќ, Мавс до победа ги предводеше Ирвинг. Благодарение на одличниот последен период од игра стигна до учинок од 20 коша на кои додаде и шест асистенции. На овој натпревар не блескаа бековите на Минесота. Ентони Едвардс постигна 21, но со само 5/17 од поле, а Карл-Ентони Таунс 15 поени, со уште послаби 4/16.

ПретходноРеал Мадрид ќе ја брани титулата во Евролига
СледноЛиверпул за него е веќе минато – Клоп започна „нов живот“ далеку од Енфилд