Во ревијален натпревар одигран вечерва на Националната Арена во Букурешт меѓу Златната генерација на романскиот фудбал од Светското првенство во САД 1994 година и селекција на светот составена од бројни фудбалски имиња предводени од легендарниот Жозе Мурињо, победата им припадна на домашните. Романците предводени од Хаџи, Мунтеану, Молдован, Прунеа, Петреску, Попеску… славеа со 3:2 во дуел со светските ѕвезди за кои настапи и нашиот Горан Пандев.
Пандев дури и успеа да постигне гол за светските ѕвезди за водство од 2:0 (првиот го постигна Ривалдо), но Романците до крајот на овој ревијален меч одигран пред полн стадион дојдоа до победа со головите на Пандуру, Хаџи и Галца.
Составот на тимот на светот преводен од Мурињо беше следен:
Дида – Маикон, Панучи, Ѓукиќ, Кандела – Едмилсон, Џовани, Карагунис, Ривалдо – Стоичков, Нуно Гомез
Играа и: Себастиен Фреј, Леван Кобиашвили, Коуто, Хуанито Гутиерез, Пол Бодин, Кристијан Закардо, Кристијан Карембеу, Јари Литманен, Гокан Инлер, Јоргос Карагунис, Маркос Сена, Горан Пандев, Хавиер Савиола.