Фудбалерите на Селтик го освоија шкотскиот ФА Куп, откако во финалето го совладаа „вечниот“ ривал Глазгов Ренџерс со резултат 1:0. Херој на зелено-белиот дел на Глазгов на „Хемпден Парк“ беше резервистот Ајда, која го постигна победничкиот гол во 90. минута.
На овој начин Келтите ја освоија „двојната круна“, откако претходно го освоија трофејот во шкотската Премиер лига.
Idaaaaaaaaahhhhhhhhhhhh 1-0 pic.twitter.com/j2n9dgXewc
— Celtic Goals (@celticgoalsreal) May 25, 2024