Хокеарите на Чешка и Швајцарија ќе се борат за златото на СП

110

Хокеарските репрезентации на Чешка и Швајцарија ќе се борат за златото на Светското првенство кое утре завршува во Прага. Во финалето Чешка стигна по убедливиот триумф над Шведска со 7:3, додека Швајцарија беше подобра од Канада по подоброто изведување пенали.

Во регуларниот дел Швајцарците водеа со 2:0, но Канада до крајот успеа да се врати за израмнување на 2:2. Во првите три серии и двата тима погодија само по еднаш, по што Канада промаши во четвртата серија, а Швајцарија погоди за водство, па Канаѓаните не успеаја ниту во петтата серија што значеше финале за Швајцарија, прво по 2018 година.

ПретходноЗа првпат во историјата: На Копа Америка ќе судат и жени!
СледноБаер (Л) ја освои двојната круна во Германија