И тоа го има кога се во прашање фудбалските фанови. Имено извесен Кристијан Детиќ, инаку фан на репрезентацијата на Хрватска, денеска од своето место Чрешњева, тргнал пеш до Берлин со цел да ја бодри својата репрезентација на претстојното ЕУРО 2024.
Детиќ има намера да стигне во Берлин до 15 јуни за кога е закажан првиот меч на “коцкестите“ на ЕП кој се игра во тој град и тоа против Шпанија.
Детиќ ќе пешачи низ Хрватска, Словенија, Австрија. Планот е да пешачи дневно по 50 км, и тоа ќе го прави само преку ден, додека навечер ќе одмара во својот шатор.