И дефинитивно Чави Ернандез нема да ја води Барселона во следната сезона. Тој утре за последен пат ќе ја води Барса од клупата а на негово место доаѓа Ханси Флик.
Откако сега се е познато, Чави денеска се прости од фановите на каталонската гордост:
“Мене совеста ми е чиста, горд сум и среќен што бев тренер на Барселона. Јасно е дека целите не се исполнети, но сите ние можеме да бидеме горди. За мене беше чест и задоволство и сакам на последниот натпревар да уживам. Вчера разговаравме со претседатело, тој ми ги кажа причините за оваа одлука, јас ги прифатив. Јасно е дека тој ги носи одлуките. Се ракувавме и си посакавме се најубаво“ рече покрај другото Чави.