Албанија ни краде уште еден супер-талент

12813
Фото: Опен-ТВ

Според „Опен-ТВ“ еден од најголемите таленти во нашата земја, Алтин Алији (25.08.2006), младиот напаѓач на Македонија ЃП и Македонија до 19 години, одлучил да го промени националниот дрес и да игра за Албанија до 19 години.

Според изворот на Open-TV, Алији веќе ја добил поканата да се појави на следниот собир на репрезентацијата на Албанија.

Алији досега играше за селекциите У16, У17, 18 и У19 на Македонија. Во март со репрезентацијата до 18 години против Естонија тој ги даде сите три гола.

Тој минатата година потпиша четиригодишен професионален договор со Македонија ЃП.

ПретходноФановите загрижени за Ѓоковиќ, камерите „уловија“ загрижувачки момент во Женева (ВИДЕО)
СледноПрва меч топка за МЗТ Скопје: Дали во Битола ќе има реприза на минатогодишното финале?