Баражи: Победа, Борец и Вардарски следната сезона ќе играат во ВМФЛ!

2028

Попладнево се одиграа сите три баражи за пласман во ВМФЛ, по што познати се екипите кои следната сезона ќе играат во ова натпреварување, а тоа се Победа, Борец и Вардарски.

Во Ѓорче екипата на Победа со 2:1 го победи Куманово, во меч на кој единствената трибина беше преполна и со тоа се избори за опстанок во Втората лига. Кумановци имаа големи амбиции, но ќе почекаат барем до следниот мај.

На стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, тимот на Вардарски со 3:2 успеа да го совлада Кораби и со тоа обезбеди пласман во ВМФЛ за следната сезона.

И во Битола, составот на Борец со 3:2 го победи Велазерими и ги оствари амбициите, да се врати во Втората лига. Голема беше радоста на велешани, од друга страна голема беше тагата кај сите во клубот од Кичево.

ПретходноОдбојкарите издоминираа против Азербејџан за прва победа во Златната лига (ФОТО)
СледноФудбалерите на Струга ТЛ веќе се на одмор, стартот на подготовките е закажан за 5 јуни!