Баражи: Шест желби, но само три екипи ќе се радуваат на пласман во ВМФЛ!

939

Попладнево од 17 часот закажани се трите бараж натпревари за пополнување на ВМФЛ за следната 2024/25 сезона. Двојките се Вардарски – Кораби, меч кој се игра на “Борис Трајковски“ во Скопје, потоа Победа – Куманово во Ѓорче и Влазерими – Борец во Битола.

Значи има шест желби, но само три места во ВМФЛ за следната сезона. Победа во изминатата сезона играше во второлигашкото друштво, успеа да избегне директно испаѓање, но за конечен опстанок ќе мора да се помачи денеска против добриот тим на Куманово. Инаку покрај Куманово тука се и останатите победници во третите лиги и тоа екипите на Вардарски, Кораби, Влазерими и Борец.

Се игра по еден меч, нема поправен, победниците следната сезона ќе играат во Втората лига на Македонија,

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 17 Ч

Вардарски – Кораби: Стадион „Борис Трајковски“ Скопје.

Победа – Куманово: Стадион Ѓорче Петров во Скопје.

Влазерими – Борец: Стадион “Петар Милошевски“ Битола.

ПретходноДончиќ по тројката за победа: Не пцуев, зборував на словенечки (ВИДЕО)
СледноТен Хаг и со освојување на ФА Купот може да ја доживее истата судбината на Ван Гал