Манчестер Ј. го освои ФА Купот и ја спаси сезоната (ВИДЕО)

335

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го освоија трофејот во ФА Купот, откако денеска во големото финале на „Вембли“ со 2:1 го совладаа лутиот градски ривал Манчестер Сити.

Избраниците на Ерик Тен Хаг на овој начин ја спасија сезоната, откако го совладаа шампионот во Премиер лигата. „Ѓаволите“ поведоа во 30. минута кога Гарначо ја погоди мрежата, а голот дојде по големата грешка на Јошко Гвардиол.

Коби Мејно во 39. минута веќе успеа да го зголеми водството и на 2:0, додека Сити успеа само да намали на 2:1 со голот на Доку во 87. минута.

Она што секако е впечатокот на денот е дека Ерик тен Хаг одлично го подготви тимот за овој меч и успеа да го победи Пеп Гвардиола по неколку срамни и убедливи порази. Оваа победа во голема мера може да му донесе продолжен престој на Холанѓанецот на клупата на Јунајтед.

ПретходноАл – Келаифи: Со трансферот во Реал јасно е дека Мбапе ќе ја легитимира Суперлигата!
СледноСелтик ја освои двојната круна во Шкотска (ВИДЕО)