Готово е. Винсент Компани е новиот тренер на Баерн Минхен. Како што јавуваат медиумите во Германија а се повикуваат на инсајдерски извори, досегашнит стратег на Барнли со “баварците“ ќе потпише тригодишен договор а клубот од Англија ќе добие 12 милиони евра како отштета со оглед на тоа дека Компани сеуште е под договор со Барнли. Се чека само официјална потврда од двете страни.
Секако дека Компани да биде тренер на Баерн Минхен делуваше шокантно, посебно за фановите на баварскиот гигант, но ако се знае дека најмалку петтмина познати тренери го “откачија“ Баерн тогаш и не е големо изненадување дека токму тој ќе седне на најжешката клупа во Германија.