Пандев погоди за Тимот на светот на мечот со Златната генерација на Романија

2932

Во ревијален натпревар одигран вечерва на Националната Арена во Букурешт меѓу Златната генерација на романскиот фудбал од Светското првенство во САД 1994 година и селекција на светот составена од бројни фудбалски имиња предводени од легендарниот Жозе Мурињо, победата им припадна на домашните. Романците предводени од Хаџи, Мунтеану, Молдован, Прунеа, Петреску, Попеску… славеа со 3:2 во дуел со светските ѕвезди за кои настапи и нашиот Горан Пандев.

Пандев дури и успеа да постигне гол за светските ѕвезди за водство од 2:0 (првиот го постигна Ривалдо), но Романците до крајот на овој ревијален меч одигран пред полн стадион дојдоа до победа со головите на Пандуру, Хаџи и Галца.

Составот на тимот на светот преводен од Мурињо беше следен:

Дида – Маикон, Панучи, Ѓукиќ, Кандела – Едмилсон, Џовани, Карагунис, Ривалдо – Стоичков, Нуно Гомез

Играа и: Себастиен Фреј, Леван Кобиашвили, Коуто, Хуанито Гутиерез, Пол Бодин, Кристијан Закардо, Кристијан Карембеу, Јари Литманен, Гокан Инлер, Јоргос Карагунис, Маркос Сена, Горан Пандев, Хавиер Савиола.

ПретходноДамјан е избран за МВП на финалната серија
Следно„Специјалниот“ кажа што мисли за Пандев: Македонски крал! (ФОТО)