Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски на најдобар можен начин ја затвори сезоната во дресот на сплитски Хајдук. Во последното коло од шампионатот, денеска Хајдук славеше на гостувањето кај Локомотива во Загреб со 5:2, а нашиот голгетер постигна хет-трик.
Трајковски ги постигна првите два гола за Хајдук во 18. и 38. минута, а потоа откако Хајдук поведе и со 4:0, домашните успеаја да намалат на 4:2. Третиот гол за круна на натпреварот, Трајковски го постигна во 72. минута.
Нашиот репрезентативец сезоната во дресот на сплистките бели ја завршува со 7 гола и три асистенции, но за жал, Хајдук малку порано ја загуби битката за шампионската титула. Сепак, добрата голгетерска форма на Алекс радува пред собирот на нашата репрезентација и двомечот со Хрватска и Чешка во јуни.