Панатинаикос е новиот владател во Евролигата, во финалето го совлада Реал Мадрид со 95-80 и дојде до седмата титула во својата историја. Овој тим последен пат на тронот на Европа се искачи во сезоната 2010/2011.
Костас Слукас постигна 24 поени кај новиот првак, Нан додаде 21, Лесор имаше 17 поени и 6 скока. Кај Реал Муса имаше 15 поени, Кампацо 12 коша.
Шпанскиот тим одлично влезе во мечот, првата четвртина ја доби со 36-25. Следните 20 минути од натпреварот им припаднаа на кошаркарите на Пао, на одморот намалија на 54-49, а потоа одиграа одлична трета четвртина. Во скромен период на поени, на противникот му дозволија да даде само седум коша, додека тие постигнаа 15, па на стартот на последните десет минути токму грчкиот тим влезе со предност од 61-66. Ова беше најава за интересна завршница.
Поизедначена битка видовме до средината на овој период, по што Пао „нагази“ и сосема заслужено се радуваше на седмата титула во Евролигата во својата историја.