Митревски со девет одбрани ја заврши мисијата во Порто

738

Капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски и неговиот Порто не успеаја да ја одбранат титулата во португалскиот шампионат, во одлучувачкиот меч од последното коло беа поразени од Спортинг со 35-33.

По четиригодишна доминација, тронот во Португалија доби нов владател, тимот од Лисабон, кој има директно место во Лигата на шампиони.

Митревски на последната средба во дресот на Порто запиша девет одбрани. Следната сезона искусниот репрезентативен голман ќе го гледаме во дресот на Пелистер.

Во последното коло, Филип Талески и неговата Бенфика беа поразени од Брага со 30-27, македонскиот репрезентативец беше стрелец на два гола од четири обиди.

ПретходноФленсбург го симна Фуксе Берлин од тронот во Европската лига
СледноПелистер 2 убедливо против Голден Арт