Тен Хаг: Ако не ме секаат во Јунајтед, на друго место ќе освојувам трофеи

327

Холандскиот тренер Ерик Тен Хаг го предводеше Манчестер Јунајтед до победа над Сити со 2:1 во финалето на ФА Купот. Со тоа „ѓаволите“ освоија трофеј и ја спасија сезоната. Тен Хаг изјави дека ќе продолжи да освојува трофеи дури и да си замине од Јунајтед.
Два трофеи за две години не е лош ефект. Три финалиња за две години и не е така лошо. Треба да продолжиме да работиме. Не сум задоволен затоа што знам дека можеме и мораме подобро.
Ако не сакаат да ме гледаат овде (во Јунајтед), ќе одам на друго место и таму ќе освојувам трофеи. Кога дојдов овде, реков дека тука сум за да изградам тим и да освојувам трофеи, а јас ги правам двете работи истовремено. Ако не ме сакаат тука ќе го правам тоа на друго место“, изјави Тен Хаг.

ПретходноКенијка постави светски рекорд на 10.000 метри
СледноБлагодарение на Леверкузен, Хајденхајм првпат во историјата ќе игра во Европа