Чави со победа се прости од Барса!

238

Барселона вечерва во последното коло од шпанската Ла Лига ја совлада Севиља на гости со 2:1 и првенството го заврши на второто место зад Реал Мадрид.

Барса поведе во 15. минута, по одличното нафрлување на Жоао Кансело, Роберт Левандовски со акробатски потег ја затресе мрежата на противникот. Домашните успеаја да израмнат веднаш по половина час игра со голот на Јусеф Ен Несири.

Сите три бода Барса ги доби преку играчот од средниот ред Фермин Лопез, кој со фантастичен удар од работ на шеснаесетникот му донесе победа на својот тим.

ПретходноЛудница во Италија: Емполи избори опстанок во 93. минута, Фросиноне испадна
СледноСупер Дончиќ, на Минесота и се смешка “метла“, Далас е на чекор до големото финале! (ВИДЕО)