По шест сезони минати во ЛА Лејкерс, се чини дека Леброн Џејмс има намера да си оди од овој клуб. Него му истекува договорот и засега нема назнаки дека би можел да го продолжи.
Интересно е тоа што тој би можел да се откаже од 50 милиони евра и тоа само поради фактот дека сака да игра со неговиот син Брои Џејмс, кој допрва треба да биде драфтуван. Се разбира дека Леброн и Брони во ист тим би бил фантастичен маркетиншки потег и Леброн речиси го “условува“ ЛА Лејкерс по секоја цена да го трејдуваат неговиот син и само така тој би останал во овој клуб.
Ако би играл во друг тим тогаш нема шанси да ги добие тие 50 милиони долари.
Во секој случај ќе биде интересно, секогаш кога Леброн менува клуб или потпишува нов има тектонски пореметувања во НБА.