Зенит е старо-нов шампион на Русија откако успеа да заврши прв на табелата во луда завршница на сезоната во руската Премиер лига. Пред последното 30. коло, Динамо Москва влезе како прв на табелата со 56 бодови, два повеќе од второпласираниот Зенит и три повеќе од третиот Краснодар.
Зенит играше со Ростов, додека Динамо на гости кај Краснодар. Зенит го доби мечот со 2:0, а Краснодар славеше над Динамо со 1:0 во меч во кој гостите од Москва два пати ја погодуваа пречката.
На крајот титулата заврши кај Зенит, втор заврши Краснодар, а Динамо дури трет на табелата со што не успеа да го прекине 48 годишниот пост без трофејот. Поради тоа во руските медиуми се споменува проклетство кое го следи Динамо.
Така Зенит шести пат по ред е шампион на Русија (втор пат во историјата го прават тоа, првиот пат од 1996 до 2001), а нивниот тренер Сергеј Семак го освои 11-тиот трофеј како тренер на Зенит што е апсолутен рекорд меѓу тренерите во Русија. Во меѓувреме Зенит и Семак го продолжија договорот за пет години.
«Зенит» — чемпион! С победой, сине-бело-голубые! #ЛьвинаяВоля pic.twitter.com/XvdP79CgWU
— ФК «Зенит» (@zenit_spb) May 25, 2024