Кениската атлетичарка Беатрис Чебет е нова светска рекордерка на трката на 10.000 метри. Чебет, која оваа делница прв пат ја трчала во 2020 година, стана првата дама во историјата која 10 километри истрчала под 29 минути.
Таа до светскиот рекорд за време на Дијамантската лига во Јуџин стигна со време 28:54.14 минути. Така претходниот рекорд на Летесенбет Гиди од 2021 година го поправи за речиси седум секунди.
„Мојата цел секогаш беше трката на 5.000 метри, затоа ова е уште поубаво. Се чувствував одлично во текот на трката“, изјави Чебет која избори настап и на Олимписките игри во Париз во дисциплината 10 километри.
The moment Beatrice Chebet became the 10,000m WR holder 👑
🎥 Christopher Guillen (IG) pic.twitter.com/wmzgZxZzj0
— Owen M (@_OwenM_) May 25, 2024