Љупчо Дориев продолжува со своите блескави настапи во шампионатот на Узбекистан. Македонецот во дресот на Согдиана попладнево, во меч од 9.коло, успеа со два гола, постигна и трет, но истиот беше пишан како автогол на еден гостински играч, да биде најдобар на средбата во која неговиот тим славеше со 4:0.
Во 11. и 19.минута Дориев постигна два гола за водство на Согдиана со 2:0, во 43.минута постигна и трет, но рековме веќе, истиот беше запишан како автогол.
Во 78.минута кога беше 4:0 Македонецот беше повлечен од игра, немаше потреба од неговото присуство на теренот во дресот на Согдиана.
Инаку со овие два гола Дориев сега по 9.коло има 7 голови и е втор на листата на стрелците.