Михаилов: Успеавме! Горд сум, честитки за сите во Вардар, посебно за нашите верни фанови!

2473

Горазд Михаилов, стратегот на Вардар не ја криеше својата радост, своето задоволство истакна дека ова е голем успех на кој тој е горд и дека сите во клубот заслужуваат честитки.

За „СпортСпорт“ Михаилов искоментира:

Познато е каде беше Вардар кога дојдов од Силекс зимоска. Реков дека верувам во тимот, во Вардар и дека можеме да дојдеме до опстанок. Еве денеска тоа и се случи, затоа сум горд, сепак честитки за сите во Вардар, посебно за нашите верни фанови, `Комити` без кои немаше да успееме во нашата мисија. Ова е голем успех ако се знае каде беше Вардар и од каде почнавме. Секако дека сум среќен. Успеавме! На крај честитки за храбриот Детонит, искрено му посакувам многу среќа и успеси во иднина “ истакна Михаилов.

ПретходноЗагрижувачки вести за Милевски, Барди се повреди!
СледноФленсбург го симна Фуксе Берлин од тронот во Европската лига