Антонио Конте е на само чекор од враќање во Серија А откако постигна вербален договор со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, пренесува „Калчомеркато“.
Медиумите додаваат дека Конте на крајот ќе потпише тригодишен договор со Наполи и ќе добие меѓу 6,5 и 7 милиони евра, но ќе може да достигне дополнителни два милиони во бонуси. Изданието оди уште подалеку, тврдејќи дека Наполи сака да ја финализира зделката и да го претстават поранешниот тренер на Интер и Јувентус веќе следната недела.
54-годишниот стручњак ќе има многу сериозно влијание на трансферите во клубот во претстојното лето, за да може да изгради состав според неговите желби, но и со надеж дека ќе убеди некои од врвните играчи на тимот да останат на „Диего Армандо Марадона“ најмалку уште една година.