Пелистер 2 убедливо против Голден Арт

49

Вториот тим на Пелистер дојде до убедлива победа на домашен терен против Голден Арт од 39-25 во рамките на претпоследното коло во плеј-аут лигата. Со овие бодови битолчани ја задржаа лидерската позиција.

Дуелот беше решен после првото полувреме во кое домаќинот имаше позитива од пет гола (20-15). Скопјани добро го отворија дуелот, поведоа со 1-3, но нешто подоцна влегоа во голгетерска криза. На другата страна Пелистер 2 успеа да дојде до позитива од 11-7.

Во вториот дел, битолчани беа влезени во ритам, дојдоа на плус десет (26-16), а потоа рутински го приведоа дуелот во своја корист.

Хаџич, Белистојановски и Димитровски имаа по пет погодоци кај победникот, на другата страна Шилегов и Ончев постигнаа по шест погодоци.

ПретходноМитревски со девет одбрани ја заврши мисијата во Порто
СледноХаос било во Барселона: Чави сакал да го избрка Левандовски?!