Првиот човек на Рајо: Жал ми е што Столе не сакаше да продолжи, сигурен сум дека ќе оди во Валенсија

773

Претседателот на Рајо Ваљекано, Мартин Преса потврди дека Столе Димитриевски ќе си замине од Ваљекас. Се зборува дека нашиот репрезентативец веќе се договорил со Валенсија, а тоа го потврди и Преса.
Димитриевски не сакаше да го продолжи договорот со нас. Не се работи за пари затоа што Рајо му ја даде најдобрата понуда што може. Понекогаш може и да сакаш некој премногу, но таа личност не сака да биде со тебе… Можеби изгледаме глупаво, но воопшто не сме. Ќе најдеме негова замена, се што можеме да кажеме е да му се заблагодариме на придонесот во Рајо. Ќе повторам, жалам што не сакаше да продолжи со нас.
Се кладам дека ќе оди во Валенсија“, изјави Преса.
Договорот на Столе истекува, а тој како слободен ќе прејде во Валенсија, а од таму голманот Мамардашвили ќе оди во Њукасл.
Димитриевски остана на клупата на последниот меч на Рајо против Атлетик, а место него бранеше Даниел Кардењас.

ПретходноРолан Гарос ја „откачи“ некогашната шампионка на Австралија опен
СледноСтефан Ристовски е во тимот на сезоната во Хрватска