Данската тенисерка Каролина Вознијацки, која во 2010 година беше прва на ВТА листата, го освои Австралија опен и два пати играше во финале на УС Опен не доби вајлд карта за главната ждрепка за Ролан Гарос.
Вознијацки која сега е 119-та тенисерка на светот не сака да игра квалификации и се откажа од овој турнир. Нејзиниот татко, Пјотр Вознијацки за полските медиуми изјави: „Каролина изјави дека нема да игра квалификации. Таа не џабе цел живот напорно работеше за сега повторно да почнува како да е јуниорка“.
Тенискиот сојуз на Франција подели осум валјд карти за двата дела на сингл ждрепката, а 12 отидоа кај Французи и Франзуцинки. На крајот немаше место за Вознијацки која се врати на терен по три и пол години пауза. Немаше вајлд карта ни за екс-шампионката на УС Опен, Ема Радукану која исто така одби да се натпреварува во квалификации.
„Каролина е идеален пример како женскиот тенис е патолошки настроен. Мојата ќерка нема заштитен ранкинг затоа што долго паузираше и тоа е во ред. Зар не се исплати да и се помогне девојка која одлучи да се врати по три години? ВТА се однесува аматерски. Излегува дека кога некој како Вознијацки сака да се врати, не е пожелен. Од минатата година сите специјални позивници се во сопственост на организаторите на турнирите и тука ВТА си ги пере рацете. Што е ефектот? Е, ова – во Рим сите тие позивници ги добија Италијанци. Јас разбирам дека се промовираат млади играчи, но како им давате позивници на тенисерка која не е ни во првите 1000 на листата“, изјави Пјотр.