Скандалозно: Во центарот на Загреб физички нападнат фудбалер на Хајдук!

386

Голем скандал во Хрватска, во тамошниот фудбал. Имено во центарот на Загреб физички бил нападнат фудбалерот на Хајдук, Филип Кровиновиќ.

Се оглас и Хајдук со соопштение во кое го осудува овој чин и бара да се казнат хулиганите, односно сторителите на овој инцидент.

Самиот напад на Кровиновиќ се случил по завршувањето на мечот меѓу Локомотива и Хајдук, од последното коло во ХНЛ.

Од Хајдук велат дека овој ужасен чин нема врска со натпреварот, зошто се случил надвор од стадионот во Крањчичева и дека бил нападнат само поради тоа дека бил играч на Хајдук со јасна алузија дека напаѓачите биле фанови на Динамо Загреб.

ПретходноПМФЛ – жени: ЖФК Љуботен е шампион на Македонија! (ФОТО)
СледноМладинците на Брера се шампиони на Македонија! (ФОТО)