Заврши првото полувреме од бараж мечот за ПМФЛ меѓу Вардар и Детонит. Резултатот е 2:0 за Вардар и тоа со головите на Ѓуриќ во 42.минута кога убаво се снајде пред голот на тимот од Радовиш, и Шушњара во 45+1.минута.
Убедливо водство со головите во финишот на првото полувреме. Вардар беше подобар, имаше и неколку шанси, но оваа убедлива предност ја обезбеди, како што веќе рековме, во последните минути од првиот дел.
Инаку Вардар има голема поддршка од трибините во Струмица, голем број “Комити“ со спектакуларни кореографии и навивање им даваат поддршка на своите миленици.