Конечно сите што го сакаат Вардар, сите што се во Вардар и сите фанови на нашиот најтрофеен клуб може да здивнат. Вардар и дефинитивно избори опстанок и во следната сезона ќе игра во нашата елитна лига. Оваа фешта денеска во Струмица и дефинитивно покажа дека на Вардар му е местото во ПМФЛ и дека ПМФЛ без Вардар едноставно не ја личи.
Денеска во Струмица во бараж мечот Детонит едноставно немаше шанси покрај посилниот и поквалитетниот ривал, Вардар заслужено победи со 2:0 и неговите фанови заслужено славеа.
Ова исто така беше уште еден спектакл од “Комити“кои покажаа како се сака Вардар. Во голем број дојдоа во Струмица за да му ја дадат поддршката во најважниот меч сезонава, а момците на стратегот Горазд Михаилов им возвратија со победа.