Фленсбург го симна Фуксе Берлин од тронот во Европската лига

101

Германската пресметка во финалето на ЕХФ Европската лига му припадна на Фленсбург кој славеше против бранителот, Фуксе Берлин со 36-31. За новиот освојувач на ова натпреварување ова е прв пехар после десет години.

Јакобсен имаше седум гола кај победникот, на другата страна Толбринг имаше исто толку погодоци.

На овој меч тимот од Берлин остана без Марсениќ, кој заработи директен црвен картон. Нешто подоцна на трибините се најде и Готфридсон, поради удар во главата. Сето ова не се одрази врз играта на Фелнсбург кој искусно го заврши мечот, дојде до позитива од пет гола, која беше лесно да се одбрани.

ПретходноМихаилов: Успеавме! Горд сум, честитки за сите во Вардар, посебно за нашите верни фанови!
СледноМитревски со девет одбрани ја заврши мисијата во Порто