Роберт Левандовски бил пред заминување од Барселона, поточно досегашниот стратег Чави Ернандез не го “мирисал“ премногу искусниот полски напаѓач и сакал да го избрка. Ова денеска го пренесуваат медиумите во Каталонија, но сега ситуацијата рапидно се менува зошто новиот стратег на Барса, Ханси Флик и тоа како го цени Левандовски уште од времето кога беа и двајцата во Баерн Минхен.
Покрај Левандовски, Чави имал намера да избрка уште неколку првотимци, па така откако се дознало се тоа се случувал вистински хаос во тимот, па главната причина за смената на Чави била токму таа, да се смират “духовите“ во соблекувалната.