Барселона вечерва во последното коло од шпанската Ла Лига ја совлада Севиља на гости со 2:1 и првенството го заврши на второто место зад Реал Мадрид.
Барса поведе во 15. минута, по одличното нафрлување на Жоао Кансело, Роберт Левандовски со акробатски потег ја затресе мрежата на противникот. Домашните успеаја да израмнат веднаш по половина час игра со голот на Јусеф Ен Несири.
Сите три бода Барса ги доби преку играчот од средниот ред Фермин Лопез, кој со фантастичен удар од работ на шеснаесетникот му донесе победа на својот тим.