Чудесен пресврт на Бостон за 3-0 против Индијана

422

Кошаркарите на Бостон водат против Индијана во финалето на Источната конференција со 3-0 бидејќи го добија третиот меч со 114:111. „Пејсерс“ беа на чекор до триумф, водеа од втората па до крајот на четвртата четвртина, но тоа не беше доволно. Селтикс заиграа фантастично во завршницата, го свртеа резултатот и победија.
Прво Хорфод погоди тројка по која Бостон стигна до 109:111, а потоа Холидеј погоди со прекршок за два поени и слободно фрлање за 112:111. Две секунди пред крајот нови слободни фрлања за 114:111, по што беше означен и крај на мечот.
Рекорд на кариерата забележа Ендрју Нембхард со 32 поени, со четири скока и девет асистенции. Меконел постигна 23, а Сијакам и Тарнер по 22 поени.
Кај победничкиот тим Џејсон Тејтум оствари дабл-дабл бидејќи беше најефикасен на мечот со 36 поени и 10 скокови, а Џејлен Браун постигна 24, Хорфорд 23 од кои седум тројки…

 

 

ПретходноКреспо со најголем успех во тренерската кариера, ја освои ЛШ на Азија
СледноКенијка постави светски рекорд на 10.000 метри