Јаровиќ и Малески повторно во нападот на шампионот!

1659

Босанецот со германски пасош, Сенад Јаровиќ и младиот офанзивец Христијан Малески повторно ќе бидат дел од Струга ТЛ за следната сезона. Имено на нив двајцата им завршија позајмиците во Гњилане и Тиквеш и тие се враќаат во нападот на шамшионот.

Секако дека тие ќе бидат големи засилувања за Струга ТЛ за настапите во Европа ова лето како и за следната сезона на домашната сцена.

Инаку Јаровиќ одигра фантастична сезона во дресот на Гњилане, во елитната лига на Косово. Постигна 9 голови и сега има и тоа каков интерес за неговите услуги.

Сепак за евентуален трансфер сега се прашува и Струга ТЛ со оглед на тоа дека тој е под договор со шампионот.

ПретходноПрекин на трката во Монте Карло по страшниот судир на Перес! (ФОТО)
СледноПМФЛ – жени: ЖФК Љуботен е шампион на Македонија! (ФОТО)