Загрижувачки вести за Милевски, Барди се повреди!

267

Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со подготовките за пријателските натпревари против Хрватска во Ријека на 3. јуни и против Чешка на 10. јуни во Храдец Кралове.

Од Турција пред утрешниот собир доаѓаат загржувачки весто за селекторот, Боби Милевски, капитенот Енис Барди се повреди. Тој во 17. минута на дуелот против Трабзонспор од последното коло во турскиот шампионат против Анкарагучу, мораше да го напушти теренот поради повреда на рамото.

Засега нема официјални информации за сериозноста на повредата, но според тамошните медиуми, има причини за загриженост.

ПретходноФешта во Струмица: Вака се сака Вардар, ПМФЛ не ја личи без најтрофејниот! (ФОТО)
СледноМихаилов: Успеавме! Горд сум, честитки за сите во Вардар, посебно за нашите верни фанови!