Лудница во Италија: Емполи избори опстанок во 93. минута, Фросиноне испадна

557

Емполи на домашен терен во луда завршница против Рома дојде до сензационална победа од 2:1. Домашниот тим со голот на Нианг го 93-та минута обезбеди опстанок во Серија А. Победата беше прославена откако домашната публика го дозна резултатот од конкурентот Фросиноне.

Удинезе оствари минимална победа кај Фросиноне. Единствениот гол на овој натпревар беше виден во 76. минута, а стрелец беше Дејвис. Со овој пораз домаќинот се сели во Серија Б.

На останатите средби, првакот Интер одигра без победник против Верона, додека пак реми имаше и на Лацио – Сасуоло.

Резултати: Аталанта – Торино 3-0, Наполи – Лече 0-0, Емполи – Рома 2-1, Фросиноне – Удинезе 0-1, Лацио – Сасуоло 1-1, Верона – Интер 2-2.

ПретходноБерлин обоен во „зелено“: Панатинаикос ги симна „кралевите“ од тронот за седма титула во Евролига!
СледноЧави со победа се прости од Барса!