Горазд Михаилов, стратегот на Вардар не ја криеше својата радост, своето задоволство истакна дека ова е голем успех на кој тој е горд и дека сите во клубот заслужуваат честитки.
За „СпортСпорт“ Михаилов искоментира:
„Познато е каде беше Вардар кога дојдов од Силекс зимоска. Реков дека верувам во тимот, во Вардар и дека можеме да дојдеме до опстанок. Еве денеска тоа и се случи, затоа сум горд, сепак честитки за сите во Вардар, посебно за нашите верни фанови, `Комити` без кои немаше да успееме во нашата мисија. Ова е голем успех ако се знае каде беше Вардар и од каде почнавме. Секако дека сум среќен. Успеавме! На крај честитки за храбриот Детонит, искрено му посакувам многу среќа и успеси во иднина “ истакна Михаилов.