Вчера со натпреварите до 27.коло во ПМФЛ во женска конкуренција, заврши шампионатот и тоа со триумф на Љуботен, кој покрај титулата во Купот на Македонија, од вчера е и официјално првак на Македонија. Фудбалерките на клубот од Тетово дома славеа со 8:1 против Речица и завршија со 72 бода. По мечот фудбалерките на Љуботен го добија и шампионскиот пехар.
Од друга страна Каменица Саса славеше на гостувањето кај Цевитана со 0:4 и вкупно освои 71 бод, недоволно да се загрози составот на Љуботен.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 27.КОЛО
Скопје – Топ Гол 3:1
СЦ Истатов – Шкендија 2:7
Цевитана – Каменица Саса 0:4
АСС Унитед – Тиверија 2:6
Љуботен – Речица 8:1
КОНЕЧНА ТАБЕЛА
Љуботен 72, Каменица Саса 71, Тиверија 49, АСС Унитед 48, Скопје 47, Шкендија 28, СЦ Истатов 22, Речица 22, Топ Гол 18, Цевитана 13…бодови