Саутемптон се врати во Премиер-лигата

96

Саутемптон се врати во Премиер-лигата откако го совлада Лидс со 1-0 на Вембли во финалето на плеј-офот на Чемпионшип. Стрелец на единствениот гол беше Адам Армстронг во 24. минута.

Саутемптон по трет пат во сезоната го совлада Лидс и во оваа смисла го заслужи своето место во елитата.

Овој судир традиционално се нарекува најскапиот натпревар во фудбалот. Според последните пресметки, на победникот ќе му се гарантираат минимум 140 милиони фунти во следните три сезони. Таа сума би можела да се искачи на 305 милиони доколку тимот што ќе освои промоција избегне испаѓање во првата сезона во Премиер лигата.

Лидс забележа негативен рекорд бидејќи стана првиот клуб кој загубил четири финалиња во плеј-офот. Пред денес, тоа им се случи и во сезоните 1986-87, 2005/06 и 2007/08. Саутемптон до сега има само едно такво финале и тоа е изгубено од Дерби Каунти на пенали во 2007 година.

ПретходноМакедонецот блеска во Узбекистан: Дориев стрелец на два гола за Согдиана!
СледноФенер доцна се разбуди, Олимпијакос до утешителната бронза во Евролига