Фенер доцна се разбуди, Олимпијакос до утешителната бронза во Евролига

75

Битката за третото место на фајнл-фор завршницата во Евролига му припадна на Олимпијакос кој славеше против Фенербахче со 87-84.

Се чинеше дека грчкиот тим лесно ќе го добие овој дуел особено по првото полувреме по кое имаше водство од 48-37. Сепак на другата страна, Фенербахче имаше одговор успеа да ја направи завршницата неизвесна, но немаше сили за целосен пресврт.

Фенер во последната минута преку Вилбекин намали на -3, имаше шанса да израмни, но тоа не се случи. Шанли постигна тројка, но истата беше надвор од регуларниот дел.

Питерс застана на 20 поени, Вилијамс имаше 12 поени, на другата страна Вилбекин имаше 24 поени.

ПретходноСаутемптон се врати во Премиер-лигата
Следно„Комити“ слават: Вардар го доби Детонит и во следната сезона ќе игра во елитата!