Финале на Евролигата: Панатинаикос во обид да ја симне круната на „кралот“

199

Вечерва, од 20:00 часот во Берлин, Реал Мадрид и Панатинаикос ќе се борат за европската кошаркарска титула. По сето што беше видено во текот на сезоната во која двата тима регуларниот дел го завршија на првите две позиоции, и на основа на мечевите од плеј-офот и фајнал-форот би се рекло дека Реал е фаворит.
Реал е најтрофеен тим во Европа со 11 трофеи и е актуелен шампион на Европа. Панатинаикос има шест титули, а на трофејот чека од 2009 година.
А денес со почеток од 17:00 часот Олимпијакос и Фенербахче ќе играат за третото место.

Во финалето повторно ме чека Реал. Тие се одлична екипа, но и ние сме силни, полнио сме со самодоверба. Знам дека мојот колега Чус Матео сака да ја освои втората едноподруго титула. Јас сум последниот тренер кој врзал две титули во Евролигата, па тоа ќе ми биде дополнителна мотивација да го спречам колегата да го повтори мојот успех“, изјави тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман за кого ова ќе биде четврто финале во кариерата.

А тренерот на Реал, Чус Матео изјави:

Тоа што ќе го играме третото финале по ред доволно кажува за нашата работа. Сигурно имаме посебна ДНК. НЕ застануваме овде затоа што сакаме да придодадеме нова титула. Стабилноста е многу важа, а за нас е важно што однос на минатата сезона, сега во тимот го придодадовме и Факундо Кампацо“.

ПретходноМаринерс е првиот австралиски клуб со тројна круна
СледноРолан Гарос ја „откачи“ некогашната шампионка на Австралија опен