Хрватска без Модриќ на мегдан со Македонија!

309

Познато е дека во пресрет на ЕУРО 2024, селекцијата на Хрватска ќе одигра контролна средба против избраниците на селекторот Благоја Милевски. Оваа пријателска средба ќе се одигра на 3 јуни во Ријека. Селекторот на “коцкестите“ Златко Далиќ најави дека на тој меч со Македонија неговата селекцијата нема да биде комплетна:

Денеска тргнуваме со подготовките. До 3 јуни сите би требало да се тука, ќе се собираме во од што се вели. Против Македонија нема да бидеме комплетни и на тој меч ќе добијат шанса тие играчи што ќе бидат од стартот на подготовките. Тоа значи дека нема да можам да сметам на Лука Модриќ, Марсело Брозовиќ и Марио Пашалиќ кои ќе почнат со тренинзи по мечот со Македонците“ рече покрај другото Далиќ.

ПретходноСтефан Ристовски е во тимот на сезоната во Хрватска
СледноСолзите на Тони Крос! (ВИДЕО)