Висенте Морено е нов тренер на Осасуна

68

Шпанска Осасуна го назначи Висенте Морено за нов тренер на тимот, објави официјалниот сајт на клубот од Памплона.

Договорот на Осасуна со 49-годишниот специјалист е за една сезона. Неговиот тренерски штаб ќе ги вклучува помошникот Дани Пендин, физичкиот тренер Дани Пастор и главниот аналитичар Рамон Алтуро.

На крајот на септември минатата година Морено беше ослободен од Алмерија, откако не победи на ниту еден натпревар со тимот, кој следната сезона ќе ја мине во Сегунда.

ПретходноИсторија: Роналдо го собори рекордот на саудиската Про Лига – 35 гола во една сезона! (ВИДЕО)
СледноАталан повеќе не е тренер на Гостивар